"Морските авантури на госпоѓицата Жолтоперковска"

На 11.08.2015, вторник, се одржа уште една, водена, читачка, летна авантура во детското катче Националната установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” - Битола http://www.nuub.mk/ 
Реализираните содржини вклучуваа различни активности и игри кои овозможуваат развој на клучните вештини на 21 век кај дечината на возраст од 3 до 8 години а беа реализирани во три поставени центри: Читачки, истражувачки и центар за развој на тимски дух и унапредување на сонзомоторни вештини.( Mоре, река, езеро)
Содржини :
-Интерактивно читање на еко приказната “Рипчето кое сонувало чиста река” од Весела Б, со кои дечињата беа ставени во улога на партнери во читањето, во моментот додека ја слушаа приказната а пораката и поуката беа практично применети низ забавна симулација.
-Истражувачка активност:Плива или потонува. 
-Драмско читање-Театар на подот “Морските авантури на госпоѓицата Жолтоперковска ” Автор Весела Б. Приказна со пораки за пријателствата и прифаќање на различните од нас.
-Фати го рипчето-Игра за унапредување на вештини за тимска работа и соработка како и вежби за ситна моторика
-За време на сите активности паралелно беа презентирани идеи и постапки за изработка на бесплатни домашни образовани ресурси за унапредување и поттикнување на читачки и математички вештини и интереси а за време на сите активности беше презентирана и користена домашно изработена сликовница, како идеја за родителите и дечињата