Опишување-истражување- Шумата во есен

Научно-истражувачка, креативна и творечка активност на тема
Шумско есенско шаренило
Со природата на маса до квалитетно литературно творештво
Во оваа прилика би сакала да споделам уште едно лично искуство кое мене и како родител и како учител ми овозможи креативно поминување на слободно време со семејството но воедно и можност за собирање на ресурси кои следниот ден ги применив на час по македонски јазик со наставна содржина Опишување- Пишување писмен состав на тема-Шумата во есен. 
Обично за втората цел собирањето на материјали и исражувањето го изведувам со самите ученици но и ова е добра опција во случај коа знаеш дека условите и временската рамка следниот ден нема да дозволат изведување на слична акција за собирање заедно со учениците а без тие материјали опишувањето би било формалност, базирано на имагинација и слики, и не толку интересно за да поттикне квалитетно детско литературно творештво. 
Од друга страна, навистина е корисно и забавно вакви активности да се практикуваат често, за време на наши семејни излети, прошетки и планинарења кои се добри за здравјето. Вака тие прошетки можат да бидат дополнително исполети со квалитетно поминато време и во насока на едукација и унапредување на истражувачки и творечки навики кај сопствените деца кои во споротивно само би трчкале и за кусо време би се досадувале околу нас размислувајки дека подобро би им било да останеле дома пред комјутерот и телевизорот . Ова е само еден пример, секој родител може да си прави свои комбинации на активности во зависност од тоа на кое место се изведува прошетката и кои природни материјали би ги имале на располагање(ливада, езеро, море, планина)
Претходна подготовка, ранец со потребни материјали :
Фото апарат со кој детето ќе слика фотографии од интересни откритија, лупа, ножики, гумени нараквици, макара, лепило, неколку празни садови од павлака или топено сирење со прозирен капак, макар едно прозирно шише од вода или на пример од омекнувач за облека.

Уште пред почетокот на прошетката самата припрема на материјалите направете ја заедно со детето. Така за време на собирањето на помошните материјали ќе имате прилика да му најавите интересен ден , богат со истражувања кои секое дете ги сака. Во истата прилика уште на почетокот објаснете му  дека
-Вие заедно ќе имате задача да собирате примероци од се што е интересно и суво во природата во есен додека се движите кон крајната цел на прошетката.
-Прв Предизвик ќе биде-Наоѓање и собирање ситни примероци нови и нови интересни суви лисја, гранчиња, суви тревки и слично и нивно фотографирање.
-Втор Предизвик- Воочување приридни убавини, ливади, височини, откривање мириси, звуци во природата....Водење бележник за зачувување на впечатоци-( Еден збор- цел мисла)

Објаснете му дека сите тие есенски откритија подоцна ќе ви служат за ДВЕ ЦЕЛИ И ДВА КРАЈНИ ПРОДУКТИ

1, Да направите есенски градини во шише и есенски катчиња на маса или под.
2.Да ви помогнат преку нивно опишување и комбинирање да  напишете приказна на тема Шумата во есен.

Она што е од особена важност тука за безбедноста на децата е точно и прецизно да поставите ПРАВИЛА за изведување на истражувањето, неколку пати да му ги повторите и објасните темелно :
--Забрането е кршење на здрави гранки и врлање отпадоци за време на прошетката
-Детето самостојно може да собира суви нешта, мов, лисја, тревки, додека за шумските плодови во боја мора да пршаа возрасен пред да ги допре. 
-Природата во есен е полна со разноврсни печурки, убави, интересни во различни бои. Во нашата игра забрането е допирање на печурките. Детето може да ги фотографира без допирање и да повика возрасен да ги видат заедно. Смее да ги собере само печурките за кои добил дозвола во моментот но и за тоа мора да ги користи докторските нараквици, како и за било кое понатамшно истражување поврзано со печурките, допирање, сецкање.