ОУ
„Кочо Рацин“ с.Ивањевци, Могила
II, V, VI, VII, VIII и IX
ПРОЕКТНА
АКТИВНОСТ (3 седмици за I и II
и III фаза) ОЖВ. Македонски јазик. Математика. Дополнителна. Додатна
Комуникацијa. Разрешување на конфликити. Воспоствување и одржување врски. Вежби за читање и убаво пишување. Подредување
на настани според годишни времиња, месеци, датуми. Класифицирање и
претставување на податоци.
Преку 90 % од нашите ученици користат
социјални мрежи и ги опишуваат како „супер места“ за другарување и комуникација.
Често имаат впечаток дека
знаат се за секого дури и ако само го имаат на листа пријатели. Честитаат
родендени што ги „памети“ Фејзбук со копи-пасте пораки или спремни анимации.
Се поретко комуницираат во живо, дури и со најблиските, за убави поводи и за недоразбирања. При обиди за решавање на проблеми преку
дигитални пораки, доживуваат заморни дебати кои
резултираат со конфликти кои продолжуваат и растат поради низа нови
недоразбирања. Се согласуваме дека
социјалните мрежи се супер откритие за брза комуникација, но живата
комуникација има предности од суштинско значење кои треба да ги
разликуваат, чувствуваат и негуваат: АКТИВНОСТИ ПРВА ФАЗА ( А
и Б)
А- 1. „Мои познати и „непознати“ пријатели.“ Анализи
и дебати поврзани со лични искуства и примери.
2.
„Можните, реалните и сфатените
„вистини“ зад објавени
фотографии и објави“ (Гледаме „форма“ и мислиме дека ја знаеме и
„содржината“ но..) Симулации и дебати за проценка. Како градиме модерни
ставови, судови и предрасуди.
3. „Сакав да кажам, но не ме сфати...“ Споделување
на лични примери од искуства и изведување симулации за споредување на MSN/SMS/телефон- со предностите на жива средба за
разрешување на проблеми и конфликти.
Б- 1. „Некогаш и сега“- Анализа, претпоставки и проценки на
можни социјални и емоционални вредности на сочувани лексикони и споменари од
минатото. Споредба, размена на искуства со постарите)
2. Изработивме заедничка ориентациона листа на прашања за
претпоставки и интервју на личност.
3. Секој избра член од семејството или
близок другар кој смета дека добро го познава: Најпрвин сам претпостави одговори на прашањата
за него и ги запиша. Потоа запиша одговори за време на жив разговор со него и
изработи креативна страница за нашата „Книга на тајните“. Направи споредба- пред и пoсле разговорот.
ФАЗА ДВА:
Подготвивме
стикери за сите ученици од нашето училиште. Сега секој ученик „на среќа“ извлекуваше партнер и ја започнуваше играта „СОСТАНОК НА СЛЕПО“:
ПРВА ЗАДАЧА: 1. Истражување и претпоставки за да ги одговори прашањата за него, без комуникација со него. ВТОРА ЗАДАЧА: 1. Интервју во живо 2.
Заедно ги споредуваа претходните претпоставки и разговараа за нив, од каде
дошле, зошто мислев дека... 3. Цртаа заедничка „селфи фотографија“ и
отпечатоци на дланките за спомен. ТРЕТА ЗАДАЧА: Играчот изработуваше креативна страница за својот партнер, прилог за нашата „Книга на тајните“.
ФАЗА ТРИ
1. На што повеќе се радувам? (Избор: а/копи-пасте честитка, б/анимирана слика или в/порака
напишана или искажана само за мене) Симулации и предизвици.
2.
„Подари убав ден“ Предлагавме активности за групни и
поединечни роденденски изненадувања во живо и бесплатни подароци. Креиравме лични
пораки за честитање на разни прилики, наместо копи-пасте решенија.
3. Родендените ги запишавме на посебни
ливчиња по одделенија. Потоа ги класифициравме по годишни времиња и
месеци. Ги подредувавме според редослед на датум. Изработивме училишен
роденденски календар.
|
Ги унапредивме вештините за комуникација дури и помеѓу деца од различна
возраст. Имаме спремна училишна „Книга на тајните“ и „Роденденски
календар“ на целото училиште, подготвени преку тимска работа и соработка
на сите ученици, незaвисно од возраста.
Видовме дека набљудувањето и „рекла-казала“ од страна често овозможува
претпоставки и предрасуди, а разговорот во живо отвара фер прилики за
вистинско запознавање. Сфативме дека проблемите побрзо и посигурно се
решаваат при разговор во очи, а родендените на блиските не се честитаат со
спремна копи-пасте анимација.
Активноста продолжува со IV фаза во второ полугодие, во насока на изведување активности и
симулации за вешта комуникација во различни реални животни ситуации
(„Избери што ќе кажеш следно за време на разни, случки во ресторан, на
шалтер, во автобус...)
|