За време на ваква активност НАУЧНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ може да биде фокусирано на: Стекнување основни, појдовни претстави преку: приказна, игра, разговор со возрасни, примена на ИКТ и поврзување со секојдневното искуство; предвидување; планирање на истражувачката работа, изработка на струјно коло, истражување и тестирање на електрични кола и откривање на проблеми во работата на струјните кола; правење набљудувања и објаснување што е откриено и како е решен проблемот или зошто не е решен, разговор- дали резултатите ги поддржуваа предвидувањата.
ЦЕЛИ И МОЖНИ ОЧЕКУВАЊА за оваа тема: Користи (различни извори) секојдневни искуства, разговор со возрасни, примена на ИКТ за добивање на информации потребни за понатамошно истражување. Собира докази со набљудување кога се обидува да одговори некое научно прашање. Ја планира истражувачката работа. Предвидува што ќе се случи пред да одлучи нешто да направи. Поставува прашања и предлага начини како да се одговорат. Спроведува научно истражување. Набљудува и ги запишува набљудувањата. Добива и претставува докази. Разгледува докази и прави споредби. Користи различни начини за да им каже на другите што се случило. Прави споредби. Идентификува едноставни модели и асоцијации. Зборува за предвидувања(усно и во текст), за исходи и зошто тоа се случило. Разгледува и објаснува што се случило. Препознава елементи на прости кола вклучувајќи батерии. Знае како прекинувач може да се користи за прекин на струјно коло. Клучен вокабулар:Батерии, Светилки , Држач за батерија, Струјно коло, Жица, Прекинувач, фазомер
На странава ќе се задржиме на неколку игри, интересни за дечињата од оваа возраст, кои можат да се комбинираат по редослед кој одговара на целите за фазата на воведување и истражување. Но, кога е во прашање науката а симулацијата е лесно изводлива, најпрвин треба да пристапиме со разгледување на конкретен модел и неговото функционирање па преку него да се запознаеме со деловите, поимите и начинот на работа. Ова директно пристапување кон изработка на модели